Пендаровски изрази сочувство за настраданите во земојотресот во Петриња


Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ и до семејствата на настраданите во земјотресот во Петриња.

– Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и од и до семејствата на сите настрадани, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтер денеска околу 12:20 часот го погоди хрватскиот град Петриња. Во земјотресот што беше почувствува во цела Хрватска и во соседните земји, според првичните информации, има загнати и повредни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1