Заедничкиот кандидат за претседател на државата Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на главниот град, Скопје.
На средбите со граѓаните низ центарот на Скопје, Пендаровски разговараше за претстојните претседателски избори и потребата од вистински претседател кој обединува и работи во интерес на граѓаните и државата.
Средбите продолжија и во Старата скопска чаршија, кадешто заедничкиот кандидат Пендаровски разговараше со граѓани, дуќанџии, еснафи и пазарџии.
– Како држава, како општество конечно тргнавме напред и затоа потребно е заедно, со здружени сили да го поддржиме напредокот, да го искористиме позитивниот момент и да продолжиме напред. Граѓаните заслужуваат претседател кој ќе биде претседател на сите, претседател кој ќе биде над партиите и ќе биде достоен претставник на државата. Подготвен сум да водам напред, да бидам претседател на сите граѓани, порача, меѓудругото Пендаровски на средбите.