Претседателот Пендаровски не може ниту да помисли дека Македонија може повторно да оди во карантин поради нови проблеми со корона вирусот. Шефот на државата по седницата на Советот за безбедност рече дека негов личен став е дека враќање на нај рестриктивните мерки не треба да има.
Пендаровски рече дека државниот врв на својата прва седница по членството во НАТО констатирал дека пандемијата на КОВИД19 останува единствениот предизвик за земјата а безбедносно политичката состојба е оценета како стабилна. Се разговарало и за процесот на воведување на 5џи технологија, процес кој мора да се спроведе во рамки на условите кои ги диктира НАТО Алијансата.