Пензиите ќе растат и годинава, во Буџетот за 2017 година предвидено е ново зголемување од 5%


Пензиите ќе растат и годинава. Во буџетот за 2017 година предвидено е ново зголемување од просечни 5% на ноемвриската пензија која ќе биде исплатена во декември.

82270_penzioneri-01-foto-s-pasalic-polozena_fТогаш околу 300.000 граѓани ќе добијат по околу 600 денари повеќе.

Со ова трендот на зголемување на пензиите продолжува. Во изминатите десет години тие постојано растат и просечната пензија е сега за 70% повисока отколку во 2006 година.

Најниската пензија пак е зголемена за над 80%.

Завршувањето на политичката криза треба да обезбеди и подобрување на состојбата во приватниот сектор.

Стабилноста ќе придонесе за зголемување на инвестициите и отворање на нови работни места што е клучен предуслов за зголемување на животниот стадард на граѓаните.

Просечната плата во земјава според статистика изнесува 22 460 денари и е за околу 150 евра повисокоа од 2006 година. Нето платата во август 2006-та година изнесуваше 13.718 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1