Пензионерите ќе се возат бесплатно и со воз – секој втор викенд од месецот


Секој втор викенд од месецот почнувајќи од јули пензионерите, односно жените постари од 62 и мажите постари од 64 години ќе можат бесплатно да патуваат со воз. Тие на билетарите ќе треба да приложат само лична карта и ќе добијат бесплатен билет со патничко осигурување.

Ова е новата мерка која Владата ја донесе на првите седници по формирањето, а која денеска пред преставниците на Сојузот на здруженија на пензионерите ја образложија министрите за труд и социјална политика и за транспорт и врски Диме Спасов и Миле Јанакиески, и директорот за АД Транспорт Оливер Деркоски.

vozzz500– Мерката овозможува втор календарски викенд во тековниот месец, односно петок, сабота и недела, пензионерите, односно жените постари од 62 години и мажите постари од 64 години да го користат железничкиот транспорт бесплатно и тоа за дестинацијата која ќе ја изберат. Утре Сојузот од АД Транспорт ќе направат флаери кои ќе биде дистрибуирани до сите здруженија на пензионери со цел да се информираат како да го искористат превоз, рече министерот Јанакиески.

Продолжува проектот за бесплатна бањско климатска рекреација. – Тогаш ќе бидат исплатени уште 1.050 пензионери, а наредната година дополнително уште 5.000 пензионери. Во 2015 година ќе започне и проектот за бесплатен викенд за пензионерите во Македонија, така што во континуирана комуникација ќе наоѓаме решенија и ќе спроведуваме проекти за предизвиците со кои се соочуваат пензионерите, рече министерот Спасов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1