Повеќето пензионери од земјите во регионов немаат доволно пари ниту за основните животни потреби.
Во државите на Балканот просечните примања на пензионерите се значително пониски од ионака ниските просечни примања на останатите граѓани, поголемиот број пензионери немаат доволно пари ни за основните потреби.
Од сите земји во регионот, но и во повеќе земји во Европа, просечните пензии во Македонија и Босна и Херцеговина убедливо се најниски, како и просечните плати,пишува порталот Индекс.
Според податоците на Фондот за пензиско осигурување во Македонија, просечната пензија изнесува 144 евра. Додека според заводот за статистика просечната плата во април оваа година изнесувала 20.983 денари,односно 342 евра. Што просечните примања на пензионерите во Македонија ги прави пониски за околу 200 евра од просечната плата.
Тежок е животот на пензионерите и во БиХ
Во БиХ просечната пензија во јануари 2013 изнесувала 336КМ, односно 171 евра. Според податоците на агенцијата за статистика на БиХ, просечната плата во мај изнесувала 832КМ,425 евра. Така што просечната пензија е пониска за 250 евра од просечната плата.
Претседателот на синдикатот на пензионерите во БиХ, Нусрет Шуње за агенцијата Анадолија изјавил дека поголемиот број на пензионери во земјите од регионот, а посебно во БиХ немаат доволно средства за основните животни потреби.
-Пензионерите во БиХ живеат многу јадно и тешко. Јас би ги опишал како “уметници без пари“, бидејки така се вели за отмени луѓе кои себеси неможат да си купат ни леб, изјавил Шуње.
Според него голем број пензионери прежувауваат хранејки се во хуманитарните јавни кујни во БиХ.
Слично мислење дели и претседателот на сојузот на пензионери ФБиХ, Омер Омерфендиќ кој за агенцијата Анадолија изјавил дека околу 235 илјади пензионери во Федерацијата БиХ живеат во многу тешки услови.
-Состојбата на пензионерите во поголемиот дел балканските земји е многу тешка. Во Федерацијата БиХ гладуваат 235 илјади пензионери кои примаат од 50 до 320 КМ. Само околу 3.000 пензионери примаат над 1.000 КМ пензија, истакнал Омерфендиќ.
Пензиите не пораснале пет години
Омерфендиќ потсетува дека во последните години не се покачени пензиите во БиХ, напоменувајки дека тоа нема да се случи ниту во наредните години.
По БиХ следува Србија каде според податоците на Државниот фонд ПИО Србија просечната пензија во февруари изнесувала 24.968 динари, 219 евра. Државниот завод за статистика на Србија, објави дека просечната плата во Србија исплатена во март изнесувала 41.689 динари, 367 евра. Според ова просечната пензија во Србија е за 150 евра пониска од просечната плата.
Црна Гора и Хрватска имаат највисоки пензии
Највисоките просечни пензии ги земаат пенизонерите во Црна Гора и Хрватска, каде се движат околу 300 евра.
Според податоците на Пензискиот фонд на Црна Гора просечната пензија во земјата изнесува 278 евра. Заводот за статистика на Црна Гора објави дека просечната плата во мај изнесувала 480 евра. Според овие податоци просечната пензија во Црна Гора е пониска за околу 200 евра од просечната плата.
Највискои пензии на Балканот земаат хрватските пензионери каде според последните податоци, просечната пензија во Хрватска изнесувала 2.334 куни,310 евра. Исто така според Заводот за вработување на Хрватска, во првите три месеци оваа година просечната плата во Хрватска изнесувала 5.399 куни, 718 евра. Во оваа земја просечната пензија е пониска за околу 400 евра од просечната плата.
Омерфендиќ тврди дека последните години значително е зголемена стапката на смртност помеѓу пензионерите во БиХ, па и на Блаканот.
-Поради немањето на средства за основни животни услови во последните пет години значително е покачена и стапката на смртност на пензионери. Исто така голем дел од пензионерите на Балканот немаат ни соодветна здравствена заштита и нега за да живеат достоен живот, истакнува Омерфендиќ.
Во голем број европски земји просечните плати се повисоки, а со самото тоа и просечните пензии.
Франција-просечна плата 2.041 евра, просечна пензија 1.120 евра.
Шведска- просечна плата 2.281 евра, просечна пензија околу 1.350 евра.
Германија- просечна плата 2.234, просечна пензија 1.200 евра.