Единствениот Македонец во НБА отвара свој ресторан во станбениот комплес Парк Резиденс зад арената Филип Втори, дознава Економски.мк.
Како што дознава порталот станува збор за партнерство со доскорешниот менаџер на ресторанот Скала кој се наоѓа во близина на фонтаната Парк, каде што Антиќ беше секојдневен гостин.
Објектот „Парк резиденс“ со луксузни апартмани за живеење и хотел на пет ката беше легализиран од општина Центар, врз основа на Законот за постапување со бесправни објекти, а инвестицијата, по неколку годишна статус кво состојба, реши да ја дозаврши компанијата „Имморекс Македонија“.
Според информациите до кои дојде Економски, покрај комфорот за живеење кој го нудат инвеститорите, Скопјани ќе можат да уживаат и во угостителските услуги на ресторанот на Антиќ, кој би требало да почне со работа од август.