Перо Антиќ – првиот Македонец во НБА


Репрезентативецот Перо Антиќ ќе се придружи на екипата на Атланта Хоукс и со тоа ќе стане првиот Македонец што ќе игра во НБА лигата.

pero-antic-449x300Менаџерот на Антиќ, Мишко Ражнатовиќ, на профилот на Твитер објави дека капитенот на кошаркарската македонска репрезентација ќе патува во Атланта на лекарски прегледи.

Антиќ ја започна кариерата во Работнички, по што се пресели во АЕК, па во Црвена звезда, Лукоил, Локомотив Кубан, Спартак Петерсбург, а во последниве две сезони беше дел од Олимпијакос со кој два пати ја освои Евролигата.

Како што објавува сајтот, Антиќ се најде во ростерот на НБА тимот. Со ова Антиќ станува првиот Македонец кој ќе игра во НБА лигата.

Двегодишниот договор, според најавите, ќе стапи на сила откако Антиќ ќе ги помине лекарските прегледи.

antik-lista

Како штопишува порталот Екипа – За само еден час без малку сите светски медиуми ја пренесоа веста за можноста македонскиот репрезентативец Перо Антиќ наредниве денови и официјално да стави потпис на едногодишен договор со тимот од НБА лигата, Атланта хоукс.

„Антиќ ја пишува историјата на Македонија. Првиот Македонец во престижната НБА лига“ – е генералната поента во информациите кои се пренесуваат од светските медиуми, притоа со потсетување на богатата кошаркарска кариера на нашиот репрезентативец.

„За ништо во животот нема случајност. Долг е процесот да се стигне до височините. Квалитетот на Антиќ дојде на површината по сите оние успешни настапи во најдобрите европски екипи. По двете европски круни со Олимпијакос, сега дојде редот да се освојува САД“ – пишува грчкиот „Спортнет“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1