Пет часа на студ лежев покрај мртвото тело на другарот Никола


Искусниот планинар Никола Јашманковски (67) откако се искачил на два врва се струполил на земја додека се симнувал од планината, а другарите се обиделе да го спасат, но безуспешно, пишува Дневник.

-Пет часа на студ лежев покрај другарот во страв да не наидат диви животни и да го растргнат телото. Бев прегладнет, немав ни капка вода за пиење, но не ме пушташе душата да го оставам во планина. Со овие зборови битолскиот планинар Петар Ставрев за Дневник раскажува за трагичната ноќ на планината Баба, кога починал неговиот другар Никола Јашманковски (67). Несреќата се случила завчера додека се симнувале од врвот Неолица. Тdrugar-nikola

ој раскажува дека го чувал телото на планинарот од 17 часот, кога ненадејно починал, до 22 часот вечерта, кога дошле екипите на брзата помош и на полицијата да констатираат смрт и да направат увид. Јашмаковски, искусен битолски планинар, починал на една од ливадите кај село Брусник, тешко достапно место, до кое не води асфалтен пат.

– Kако да оставиш починат човек во планина во која има диви животни? Тоа не е човечки. Бевме тројца, едниот од другарите што беше со нас, Митре Марковски, се стрча во градот за да побара помош, а јас останав да чекам крај покојниот. Падна ноќта, бев слабо облечен, студеше. Бев прегладнет, немав ни капка вода за пиење. Но, хуманоста ми беше пред с` – раскажува Ставрев.

Неделната прошетка на тројцата планинари до Неолица се претворила во трагедија, иако на почетокот тие немале никакви проблеми и Никола не покажувал знаци дека има здравствени проблеми. Ставрев ни раскажа дека со Марковски се искачиле на врвот Неолица на надморска височина од 1.865 метри. Таму го сретнале Јашмаковски, кој имал навика сам да планинари. Тука екипата се здружила и по предлог на Јашмаковски заминале на другиот врв наречен Бабин Заб (1.850 м н.в.), кој се вбројува во еден од помаркантните врвови на оваа македонска планина. Таму се фотогрфирале и попладнето тргнале назад. planinari

– Му велевме да одиме од страната на Лавци, но тој инсистираше од страната на село Брусник зашто го знаел патот. Одеше напред, ги расчистуваше гранките и високите треви од патчињата. Разговараше на телефон со четири и полгодишниот внук од ќерката, беше расположен, не се пожали на никаков проблем – објаснуваат планинарите што беа со него. Но, наеднаш се онесвестил на една од ливадите во близина на Брусничка Река. Планинарите се обиделе да го повратат во живот, но попусто.

– Марковски јазикот му го задржа со планинарската штака, а јас му правев масажа на срцето. Но, попусто не успеавме да го оживееме – додава Ставрев. По ова Марковски тргнал пеш за Битола да го извести семејството на починатиот, а Ставрев останал на ливадата крај мртвото тело. Паднал мрак, па го повикал и својот син на помош. Тој дошол со другар со џип зашто местото било тешко пристапно. Увидот од лекарска и полициска екипа со истражен судија бил извршен околу 22 часот.

Се претпоставува дека починал од срцев удар, но телото било дадено и на обдукција за да се утврди смртта. Инаку Никола порано имал доживеано срцев удар.

– Тројца од погребното претпријатие, мојот син и синот на покојникот на раце го носеа телото 300 метри, а поминаа и преку река за да стигнат до џипот. Потоа го превезоа до Брусник, каде што беше погребното возило – раскажува Ставрев.

Повеќе прочитајте на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1