Пет лица загинаа – несреќа на минибус со деца фудбалери


Минибус со детска фудбалска екипа се удрил во багер во југозападниот дел од Шпанија, при што загинаа пет лица од кои четири се деца, јави ноќта кон петокот AFP.

d2e0b010-95e8-4846-90dd-7fea04fd98e2Какао што пренесува агенцијата повикувајќи се на локалната полиција, во трагедијата повеќе од десет деца на возраст меѓу 10 и 13 години се повредени, од кои шест се во критична состојба. Несреќата се случила во регионот Естрамадура, вечерта околу 21.30 часот по локално време кога минибусот се судрил со багер на патот меѓу Кастуера и Пуерто Хурако, кај Бадахоз.

Засега не се познати причините за трагичната несреќа, но првичните извештаи укажуваат на тоа дека животно на патот можело да биде причината возачот на минибусот остро да го смени правецот и да се удри во багерот.

Во извештајот се додава дека претседателот на клубот Естрамадура, Хозе Антониот Монаго и други официјални лица веднаш отпатувале на местото на несреќата.

„Секоја смрт е трагедија, но секогаш сме многу подлабоко трогнати кога страдаат мали деца”, изјавил Монаго

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1