Секторот за внатрешни работи во Скопје поднесе кривична пријава за 17-годишно момче од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
На 22.11.2016 година на улицата „Димитрија Чуповски“, на автобуска станица, пријавениот без повод и причина, со повеќе удари со раце и клоци нападнал петгодишно дете од Скопје, со што кај другите присутни предизвикал чувство на вознемиреност и страв.