Петмесечно бебе загинало на лента за багаж на аеродромот во шпанскиот град Аликанте, во средата вечерта
Бебето дошло на аеродромот со мајката и со уште едно мало дете. Пристигнале со летот од Лондон, а на аеродромот ги чекал таткото.
Се уште не е познато како бебето се нашлo на лентата за транспорт на големите багажи, која се активира кога на неа ќе се стави голем товар. Долга е неколку метри, а патниците можат од двете страни да го преземаат багажот.
Еден работник од обезбедувањето рекол дека не видел како се случила несреќата, но дека „забележал дека мајката го ставила бебето на транспортната лента и дека посегнала по нешто да земе“. Набргу потоа транспортниот колан го притиснало бебето, но било предоцна да се направи нешто за да се спаси.
Медицинските лица дошле на местото на несреќата и почнале со реанимација на бебето. Но били предоцна.
Мајката на бебето е Американка, а таткото е од Канада, пренесе Б92.