Петнаесетгодишно момче повредено со нож од соученик во основно училиште во Скопје


Петнаесетгодишен ученик е повреден со нож во вратот од страна на соученик во тепачка што се случила вчера изутрина околу девет часот во Основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“.noz

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека тепачката настанала помеѓу двајца ученици на 15-годишна возраст од Скопје. Во тепачката еден од учениците бил повреден со нож во пределот на вратот. Укажана му е лекарска помош во Клинички центар Скопје, каде му била констатирана телесна повреда, по што бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1