Темпларите биле уапсени во Петок, 13ти Октомври, 1307та година. Дека ова претставува потекло за суеверието во петок 13ти се зборуваше и во познатото дело Кодот на Да Винчи.
Уругвајскиот рагби тим се срушил на планинаскиот венец на Андите на петок 13ти – октомври, 1972.
13ти јануари, 2006 и 13ти октомври, 2006 не само што се петоци, туку и бројките од денот, месецот и годината даваат збир од 13. Ова нареден пат ќе се случи на 13ти Мај, 2011та година.
– Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе се приближи на земјата во петок, 13ти Април, 2029та година.
Од друга страна, едно холандско истражување покажало дека на петок 13 се случуваат помалку незгоди од обичниот петок. Причината за таа контрадикција е веројатно тоа што баш на несреќниот петок 13 луѓето се повнимателни, поради верувањето дека може нешто лошо да им се случи.
Потекло на стравот од петок 13
Некои истражувачи сè уште го бараат коренот на т.н. црн петок. Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13:
- Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок.
- На тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли. И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса. Предавникот Јуда дошол последен на тајната вечера и прв си отишол. Други сметаат дека Исус Христос е распнат токму на денот петок.
- Суеверието најверојатно има врска и со календарот, кој според астрономијата во минатото се сметало дека е потребно да постојат 13 месеци во некои години, додека Грегоријанскиот и исламскиот календар секогаш имаат по 12 месеци во годината.
- Според некои, петок 13 се должи на еден древен скандинавски мит, според кој 12 богови празнувале во Валхала, домот на богот Один. Богот на злото и оганот Локи кој не бил поканет, наеднаш се појавил во домот на Один и го убил богот на радоста Балдер. Земјата веднаш потонала во мрак.
- Во поново време многу повеќе се оддава важност на датумот 13 октомври 1307 година, кога по наредба на францускиот крал Филип IV и папа Климент V биле затворени Жак Де Молеј, Големиот мајстор на Орденот на темпларите и илјадници рицари од орденот. Овие затвореници биле подложени на големи мачења, биле прогласени за еретици и секакви други прекршоци кои биле во спротивност со црквата во Рим. Така, многу од тие рицари биле изгорени на клада или екзекутирани. Од тој ден па натаму, петок 13-ти бил сметан за лош и несреќен ден.
- Во древен Рим магионичарите се собирале во групи од по 12 луѓе. Се верувало дека тринаесеттиот во групата бил самиот ѓавол.
- Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.
- На тој ден се случила библиската поплава.
- Каин го убил Авел.
- Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула.
Занимливи факти
Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.
Стравот од бројот 13 е многу актуелен и во денешно време. Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат. Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок.
Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13. Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13.
На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време.
Имињата на некои од најпознатите сериски убијци содржаат по 13 букви: Jack the Ripper, John Wayne Gacy, Charles Manson, Jeffrey Dahmer, Theodore (Ted) Bundy.
Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнува и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.