Пиде, турска пица со сирење -Рецепт


Состојки: 600 г брашно, лажичка сол, 100 мл млако млеко, 200 мл млака вода, една кесичка квасец во прав или 15 грама свеж квасец, половина лажичка шеќер, поголема топка моцарела, 200 г рендано сирење (гауда, ементалер или нешто слично) и суџук сечен на крукчиња.

Приготвување: во еден сад измешајте ги млекото, водата, шеќерот и квасецот. Оставете ја така течноста околу 10 минути додека квасецот да почне да дејствува (да направи пена на површината од течноста).

pide - turska picaВо миксер за месење ставете ги брашното и солта. Додајте ја течноста со квасецот, измешајте додека не добиете топка тесто. Оставете ја топката да нарасне (околу 40 минути). Таа треба да се зголеми двојно. Исечете ја на еднакви 8 до 10 дела. Тогаш загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени.

Размесете ги парчињата тесто во овални форми и ставете ги на претходно намастен плех, а врз нив додајте ги ренданото сирење и суџукот и потоа подвиткајте ги краевите.
Со матено јајце можете да ги намачкате краевите за да добијат убава боја.
Се пече на 220 степени околу 20 минути.

Nova Makedonija

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1