За појадок можете да изедете повеќе од една банана, исклучиво свежа, но немојте да се прејадувате. Доколку од која било причина не можете да јадете банани, заменете ги со кое било друго овошје. Ако и понатаму сте гладни, почекајте 15 минути, па ако и понатаму чувствувате глад изедете што било друго, но во мали количини.
За ручек и за вечера јадете нормално. Се препорачува да не вечерате после 18 часот. Нема посебни правила околу ручекот и вечерата во оваа диета, а ниту забранети продукти, но важно е да избегнувате пржена храна и да не се прејадувате. Единствен пијалак кој смеете да го пиете покрај оброкот е млака вода, и тоа во мали голтки. После 15 часот можете да изедете некој десерт, како на пример, чоколада или бисквити, иако најпрепорачливо е тоа да биде некое овошје.
Пример за мени:
Појадок: банани, кајгана, грејпфрут, шолја зелен чај
Ручек: 2 варени јајца, голема мешана салата со моркови, брокула, кромид, домати и зелена салата
Ужина: јогурт, една рака зрнесто овошје
Вечера: пилешки гради, варени моркови или друг зеленчук