Кинеска жена стара 52 години од провинцијата Фуџијан починала, затоа што и пукнал стомакот поради премногу пиење на газирани сокови за време на свечен семеен ручек.
Жената на која и е само објавено презимето – Хуанг починала и покрај итната операција во локалната болница. Лекарите што ја оперирале изјавиле дека во нејзиниот стомак имало над 3 литри газирани пијалоци и голема количина полусварена храна.
„Стомакот и изгледаше како да ќе експлодира како балон“, рекол еден од лекарите, кој напоменал дека жената уште претходно имала чувствителен стомак и чести проблеми.
Редок случај е стомакот да експлодира и да биде 2 пати поголем од нормалната големина, само затоа што некој испил премногу газирани пијалоци или се прејал“, заклучил еден од лекарите.