Пијан скопјанец испил солна киселина и паднал во Вардар


Во полициската станица во Карпош вчера околу 19,45 часот, медицинска сестра од Итната медицинска помош пријавила дека на телефонскиот број 194 примиле пријава дека непознато лице паднало во реката Вардар, во близина на одбојкарското игралиште.vardar-vreka-640x320

Од извршените проверки било утврдено дека се работи за лицето Р.К. (55) од Скопје кој испил поголема количина алкохол и солна киселина. Истиот од случајни минувачи бил изваден од реката и со возило на Брзата помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје на клиниката за Токсикологија.

Од страна на СВР-Скопје излезено е на местото на настанот и се работи на целосно расчистување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1