Полицијата вчера уапсила маж од Гевгелија бидејќи физички ги нападнал своите две малолетни деца, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
– Таткото со стап ги нападнал најпрвин во станот, а потоа и во подрумските простории, каде ги заклучил со катанец. Од страна на униформирани полициски службеници извршено е алкотестирање при што е констатирано присуство на алкохол од 1,77 промили и истиот е задржан во Полициската станица во Гевгелија – велат од МВР.
Децата се згрижени од страна на социјалните работници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Гевгелија.
Случајот во полиција бил пријавен синоќа околу 1 часот и 20 минути