Пијан возач усмрти 18 год девојка во Крива Паланка


policijaСиноќа, околу 21,45 часот, на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка на местото викано „Љубински Ливади“ во општина Ранковце се случила сообраќајна незгода во која М.Ј.(22) од село Гиновци со моторно возило „ауди А4“ удрил во пешакот Деспина А.(18) од село Љубинци.

Момчето удрило во девојката и избегало од местото на настанот.

Во незгодата, информираат од МВР, на место починала Деспина, а по кратко време од страна на полициски службеници бил пронајден несовесниот М.Ј. Извршено му е алкотестирање и утврдено е присуство на алкохол во крвта од 1,04 промили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1