Пијан заспал во Норвешка, се разбудил во Шведска!


Испил некоја чаша повеќе, во автомобил заспал во Норвешка, а се разбудил во Шведска.

Неименувано лице од 50 години пиел во кафана во Осло, после бурната вечер тргнал кон дома.
Бидејќи забележал дека “гледа дупло” решил да прилегне на задното седиште и да се отрезни.

Кога се разбудил видел непознато опкружување и кога излегол од автомобилот сфатил дека е во Гетенбург!

Околу автомобилот се врткале две непознати жени за кои увидел дека му го украле автомобилот од на паркинг но не знаеле дека некој спие на задното седиште.
Ја повикал шведската полиција која ги уапсила жените кои му го украле автомобилот, полицијата му дозволила да преноќи во станица и да се јави кај неговите роднини и пријатели да ги извести дека е добро.
Тој е безбедно вратен во Осло, а жените се обвинети за тешка кражба.

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1