Пилот го преспал летот над Атлантикот


Новозеландскиот национален авиопревозник соопшти дека еден пилот на компанијата спиел за време на лет од Лондон до Лос Анџелес. 

avion222Air New Zealand наведува дека пилот на Боинг 777 признал дека спиел во два наврата за време на лет над Атлантикот во 2011 година.

Во извештајот се вели дека безбедноста на патниците не била загрозена, бидејќи пилотот не бил сам во кабината во тие моменти.

– За време на лет на голема висина, еден од двајцата активни пилоти задремал двапати на околу 1,5 минута и сам се разбудил. Вториот пилот бил свесен за ситуацијата и безбедноста ниту во еден момент не била доведена во прашање, објави Њу Зиланд хералд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1