ПИЛОТОТ-ХЕРОЈ ЖИВЕЕЛ КАКО ПОДСТАНАР: Војската ветила дека ќе го згрижи семејството на мајорот


Трагично загинатиот Горан Савиќ живеел со своето семејство-сопругата и два сина во изнајмена мала куќа на Вождовац. На комеморативниот собир било ветено решавање на станбениот проблем за семејството.

Херојот на авијацијата и гордоста на војската живеел како подстанар! Трагично загинатиот пилот и мајор на TOC на српската војска  Горан Савиќ, кој им подлегнал на повредите по падот на авионот “Lasta” кој го жртвувал својот живот со цел да заштити недолжни луѓе живеел во мала изнајмена куќа со совето семејство, односно не му било решено станбеното прашање.-пишува Telegraf.

Соседот на семејството Савиќ за “Telegraf “ изјавил дека  трагично настраданиот Савиќ живеел за тоа  да добие свој стан во кој би живеел со своите синови.
-Му пречеше тоа што беше подстанар но никогаш не се жалеше, беше силен човек. Еднаш ми кажа дека живее за денот кога ќе има свој стан во кој ќе се всели со своите синови за кој бил спремен да направи се.-изјавил соседот на семејството Савиќ.
На комеморативниот собир кој во чест на трагично загинатиот мајор се одржал во воздухопловниот дом во Земун , челниците на српската војска ветиле дека во најскоро време ќе го решат станбеното прашање на семејството.

-Горан секогаш велеше дека стабилно и добро организирано семејство е темел за се во животот. Неговото семејство често трпеше и се жртвуваше за него и за неговата кариера. За жал, друштвените околности и состојбата во земјата не ни овозможија за него и за неговото семејство да обезбедиме прифатливo сместување.

Горан не можеме да го вратиме меѓу нас, но затоа можеме и сакаме да направиме се за да ви помогнеме и да го решиме стамбеното прашање и верувајте дека ќе истраеме во таа намера.-речено е на комеморативниот собир.

– И таткото на Горан почина во својата 39та година, Радмила него и Бојан ги израсна сосема сама како што знаеше и умееше за на крај ова да и се случи-изјавил роднина на Савиќ.

Тој се сеќава дека Горан од мал сонувал да стане воен пилот
.- По завршувањето на средно училиште не успеа да се запише на академија, но не се откажа. Уште подобро се подготви и следниот пат го положи приемниот испит. Беше пресреќен! Учеше, на сите им служеше за пример и така стигна до чинот мајор. После се ожени и доби два сина, се чинеше дека сите соништа се остварени.-зборуваат роднините на Савиќ.

Цела фамилија го следеше неговиот лет на аеро-митингот на почетокот на септември. Беа многу горди кога неколку пати беше споменато неговото име во директниот пренос.
На комеморативниот собир одржан  во чест на мајорот-херој Горан Савиќ било споменато и неговото животно мото: “Бог е на небото, луѓето се на земјата, а ние пилотите сме помеѓу нив”.

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1