Познатата македонска манекенка Цеце Орешкова од Кавадаречкото село Тимјаник минатата година се запозна со пилотот Митре Крајовски од Прилеп кој подолги години работи за авионска компанија од Сингапур. Таа како што пишувавме извесно време му беше и гостинка во неговиот дом таму.и мегу нив се развила љубов.
Работата дошла и до разговори за брак. Наводно Митре и подарил и скап прстен Шанез и ја побарал за жена. И до тој момент се било во ред. Цеце се вратила како што велат нивни заеднички пријатели да подготви свршувачка, а Митре да дојде подоцна и да ја побара нејзината рака од родителите на манекенката.
Согласно договорот Митре стасал во Македонија и се упатил во село Тимјаник кај родителите на Цеце за да ја вери. И тука наводно доживеал шок. Родителите на Цеце му рекле дека тие појма немаат ни за веридба, а и не знаеле каде е Цеце. Митре велат изворите збеснел и сфатил дека го изиграла.
Цеце кога се врати во Македонија се фати со нејзиниот колега манекенот Кристијан и почнале заедно да живеат, тврдат нејзини пријателки.
И тука не завршило, Пилотот го барал скапиот прстен што и го дал и едвај успеал да ја убеди да му го врати. Цеце после овие перипетии како што тврдат нејзини блиски се верила, ама со манекенот Кристијан, не со пилотот Митре.