Повеќе од 60 луѓе, меѓу кои и 20 деца, биле повредени од агресивните и грабливи риби пирани додека се капеле во реката Парана во Аргентина. Капачите имале угризи на нивните раце, зглобови и прсти, а едно седумгодишно девојче останало без прст.
Нападот на пираните се случил на самиот ден Божиќ на популарната плажа Росарио, а капачите излегувале од водата во паника и со крвави рани, барајќи помош.
Била повикана итна помош, а полицијата ја затворила плажата. Овој напад на пирани познати под името паломатес е најсериозниот напад од 2008 година кога биле повредени 40 капачи. Рибите до брегот дошле привлечени со мамците што ги оставиле локалните рибари.
Нападот на пирани не се толку чести, објаснуваат локалните власти.