Поранешниот водач на сомалиските пирати, кој пред две години беше уапсен во Белгија, каде допатува мислејќи дека за него ќе се снима филм, осуден во понеделникот на 20 години затвор поради грабнување на белгиски брод
Мохамед Абди Хасан, кого Обединетите нации го прогласија за еден од водачите на пиратите во Сомалија, осуден е поради грабнувањето на белгискиот брод „Помпеја“ во 2009 година.
Белгиската полиција го намамила во Белгија со лажна приказна дека треба да дојде да потпише договор за снимање филм за неговите пиратски подвизи. Хасан долетал во Белгија и веднаш по доаѓањето е уапсен.
Белгискиот суд го прогласи 58-годишниот пират за виновен за киднапирање и мачење на морепловците. Тогаш пиратите за ослободувањето на десетчлениот екипаж изнудија два милиона евра откуп