Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХК) во Македонија, Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска, која е поранешен член на истата организација, потврдија во вторникот дека добиле покани во среда наутро да се јават во полициска станица на информативен разговор
Пировска во меѓувреме изјави дека ќе се јави во полициската станица во средата наутро, но истакна дека не чувства вина поради тоа што „во знак на револт фрлала со боја кон зградите на институциите“.
Пировска порача и дека ваквите „заплашувања од власта нема да ја сопрат да протестира“. А на својата страница на фејсбук напиша „За Чавков и началниците: фрлав боја и ќе фрлам сé додека не ве исфрлиме од институциите коишто ги окупиравте! Кривична правда барам и затоа сé по список ќе шарам! Нема откажување! До крај!“