Пирс Броснан изел стаорец мислејќи дека јаде говедско месо


Актерот Пирс Броснан се чувствува лошо веќе неколку дена откако каснал месо од стаорец, без да знае, пишува „Контакт мјузик”.pirs500

За време на работа во Нигерија му била понудена вечера која мислел дека е говедско. Кога вкусот не одговорил на неговите очекувања, прашал и разбрал што има во стомакот.

– Ова е најстрашното нешто што сум го ставил во уста. Бев во Нигерија за снимањето на филмот „Господин Џонсон”, а подоцна со моите колеги излеговме на вечера. Имаше деликатеси на чепкалка и решив дека сакам да јадам говедско месо. Кога го вкусив сепак, дознав дека тоа е нешто друго. Ми кажаа е дека е стаорец. Веќе неколку дена се чувствувам лошо – се пожалил Броснан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1