Најпознатиот светски параолимпиец Оскар Писториус е обвинет за убиство на неговата девојка Рива Стенкамп, која ја застрелал четири пати додека таа се туширала.
Иако првично беше пренесено дека станува збор за несреќен случај, откако Писториус мислејќи дека има крадци во куќата не сакајќи ја убил несреќната Стенкамп.
Пред убиството двојката се карала, а соседите пријавиле.
Портпаролката на полицијата во Преторија, Денис Беукес потврди дека и претходно полицијата интервенирала во домот на Писториус по пријави за семејно насилство.
Според истрагата тој ја застрелал додека се туширала и тоа преку стаклото од туш кабината. Истрелал 4 куршуми во неа од кои се здобила со повреди на главата и раката.
Денеска Писториус беше изведен пред суд и му беше прочитано обвинението, кое тој го проследил плачејќи