Плаќате исто а добивате помалку – производите се стопија, вака ќаруваат производителите


Чоколадото од 100 грама сега има 90 грама, а вреди како стограмско, некои масла за јадење се 100 грама полесни, макароните и шпагетите веќе немаат 500, туку 400 грама, но тоа не го забележуваат сите, зашто пакувањата останаа со иста големина

Во борба со повеќегодишната криза производителите на прехранбени и други производи за секојдневна употреба се снајдоа, па наместо да ги зголемат цените, ја намалија тежината за 20, 30, па и 50 грама. Македонските потрошувачи се уште се уверени дека една обична чоколада тежи 100 грама. Малкумина приметуваат дека сега стандардот е 90 грама во исто пакување, кое ја прави незабележлива разликата, се додека тој податок не се прочита на амбалажата. Големата милкаа, на пример, веќе нема 300, туку 250 грама, а цената не е сменета, пишува Вечер.

tabela-1343593343-191531

Граѓаните кои имаат навика да го читаат текстот на пакувањата, знаат да кажат дека само уште брашното остана по старо, тежи еден килограм.

Supermarket-001Така, половина килограм пакуван ориз во маркетите има иста цена како на зелените пазари, се додека не се воочи битната разлика, пакувањето нема 500, туку 400 грама. Трговците исти трикови употребуваат и со пакуваниот шеќер, кој најчесто не тежи килограм, туку 900 грама. Освен ова, во продажната мрежа низ државата се помалку има макарони и шпагети од 500 грама, најмалите пакувања “јафаа бисквити од различни производители се стопени за 25 грама, “франк” и неколку други кафиња се со иста амбалажа и цена како претходно, а се полесни, паштетите исто така… Ова се забележува и кај пастите за заби, во последно време и со некои масла за јадење, а никој не може да каже дали една векна леб навистина тежи толку колку што треба, за да ја има назначената цена.

– Ова може да се смета за нечесно пазарно однесување, не заради тоа што грамажата на пакуваните производи е помала, а цената иста, туку затоа што амбалажата во која се пакувани оддава слика дека во неа има повеќе, а количината е испишана со многу ситни букви – вели претседателката на ОПМ, Маријана Лончар – Велкова. Таа додава дека трендот конзервата и ќесето да останат исти, а содржината во нив да стане полесна е распространет во светот.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1