„Платив скап хотел со 5 ѕвезди, а еве каде ме сместија“


Како и секое лето така и оваа сезона има многу патници кои платиле аранжман, а на лице место се разочарале. Ваква непријатност доживеа и пејачката Маја Николиќ која реши на Инстаграм да го сподели својот проблем.

Маја вели дека уплатила летување со синот во Тунис во хотел со пет ѕвезди, а кога стигнале таму ги пречекала агонија.

-Вака се чувствував првите три дена во Тунис во хотел со пет ѕвезди во Јасмин Хамамет, напишала Маја во описот на фотографијата и додала „ќебе во Тунис на 50 степени во таканаречен хотел со пет ѕвезди“.Таа вели дека уплатила за неа и за синот одмор во хотел со пет ѕвезди и се заложувала по пат на друштвените мрежи да се направи нешто по повод нејзината ситуација и успеала во тоа.

-Првите три дена беше многу мачно, се додека не се преместивме во Ел Моурад Палм Марина. Сега и јас и Лазе ќе одмориме душа. Набрав босилек, го ставив под перница и со мир во срцето одам во кревет, порача Маја која сега неуморно објавува фотографии од новото сместување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1