По 12 синови конечно чекаат девојче! – ФОТО


Џеј и Катери Шванд се брачен пар од Мичиген кои имаат 12 синови а наскоро го очекуваат и 13-то бебе, кои конечно би можело да биде првото девојче во семејството.

Иако, овој брачен пар, по традиција, не сакале да го знаат полот на бебето пред да биде родено, според тврдењата на лекарите, најверојатно овој пат ќе добијат девојче.sinovite500

Нивното 13 по ред дете терба да се роди во мај идната година. Џеј се надева дека конечно ќе добие ќерка, но изјавил дека за него е најважно бебето да биде здраво и живо.

– За момчињата знам апсолутно се, ќе биде убаво да искусам нешто сосема ново, рекол таткото на 12 синови, од кои најстариот има 22 а најмладиот година ипол.kerka500

Мајката Катери пак вели дека потајно се надева на уште едно момче, бидејќи, како што вели за неа, така ќе биде поедноставно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1