По 17 години бегство уапсен „мртвиот“ водител кој се обиде со бомба да разнесе манекенка


Роберто Сенц де Хередиа (47), поранешен телохранител и водител кој ја „лажираше својата смрт“, беше во бегство речиси 17 години откако се обиде да ги крене во воздух манекенката Симоне Фаров и нејзиното поранешно момче Брет Боид. По толку години водителот во бегство е уапсен во Лондон.

Роберто последен пат е виден на 27 јули 1999 година во Сиднеј и оттогаш му се губи секоја трага. Неколку дена подоцна полицијата го пронашла неговиот автомобил кој бил целиот намачкан со крв, но телото никогаш не било пронајдено. По подеталната истрага утврдено е дека водителот, всушност, ја лажирал својата смрт.voditel
На овој потег се одлучил затоа што ѝ испратил експлозивна направа на манекенката со која се скарал поради 80.000 долари. Поранешното момче на манекенката во тој „напад“ се здобил со такви повреди така што речиси ослепел, а исто така го изгубил и палецот и целото тело му е покриено со лузни. Иако тој бил жртва, Боид е уапсен во 1999 година откако полицијата пронашла митралез кој сакал да го употреби против водителот.

Боид од непознати причини извршил самоубиство во 2008 година.

Водителот Роберто Харедиа со години бил во бегство, но на неговото бегање му дошол крајот.voditel

Роберто е уапсен на 27 април оваа година во Лондон, откако е откриено дека мажот кој патува со лажен пасош е, всушност, долгогодишниот бегалец. Поранешниот водител наводно излегол од Шпанија, во која се криел со години, за да ги посети својата мајка и сестра во Лондон, кадешто е и уапсен. По апсењето ќе биде екстрадиран во Австралија.

Во затвор ќе ѝ прави друштво на манекенката која служи казна поради обид на трговија со луѓе. Пред апсењето извесно време била во САД кадешто снимила неколку песни и работела како модел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1