По 17 години – повторно во вселената жена космонаут од Русија (Видео)


Најновото руско вселенско летало Сојуз со меѓународен тим астронаути, во кој има еден астронаут на НАСА и двајца Руси – од кои едниот е првата жена што оди во вселената по две децении.

Екипажот, составен од Елена Серова и Александар Самокутјаев од Русија и Бери Вилмор од НАСА, ќе врши научни експерименти за да се истражи влијанието на вселената врз здравјето на луѓето.

zena astronaut rusijaЕлена Серова, 38, која учествува во мисијата, е на пат да стане првата Русинка во вселената по 17 години.

Серова е четвртата Русинка што одлетала во вселената, а прва што ќе живее и ќе работи на Меѓународната вселенска станица. Првата жена во вселената исто така русинка Валентина Терешкова, стана национална хероина на 26 години кога во 1962 година отиде на пат во вселената. историскиот лет на Терешкова, траеше три дена и направи 48 круга околу Земјата, а нејзиниот лет стана главен пропаганден потег на Советскиот Сојуз. Советскиот космонаут Јуриј Гагарин е првиот човек кој во 1961 година полета во вселената

Валентина Терешкова повторно ќе лета во вселената

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1