По 4 века мистерија: Пронајден гробот на Сервантес


Во манастирот во центарот на Мадрид се наоѓаат посмртните останки на славниот шпански писател Мигуел Сервантес, кој починал на 23. април 1616. година, било денес потврдено во главниот град на Шпанија.

servantes-ostatoci-480x319

Антропологот Франциско Етксебариа на прес конференцијата рекол дека тимот од експерти позитивно ги идентификувал пронајдените останки и дека некои од фрагментите му припаѓаат на Сервантес, автор на романот “Дон Кихот”.

По повеќемесечните истражувања, во јануари оваа година форензичките експерти го пронашле гробот во рамките на манастирот во Мадрид, за кој биле уверени дека ги “чува” останките на познатиот шпански писател.

Сè уште не се објавени детали за тоа што планираат властите да направат со пронајдените посмртни останки.

“Дон Кихот”, е едно од попознатите книжевни дела некогаш напишани, и се смета за модерен роман, бидејќи бил напишан во ерата кога во европската книжевност најпопуларен жанр била драмата.

Сервантес починал истата седмица кога починал и Вилијам Шекспир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1