Информативен и конструктивен состанокот на државнико-политичкиот врв за предлозите на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц за решавање на спорот за името беше оценката на сите учесници вечерва на средбата во Клубот на пратеници, која траеше повеќе од пет часа.Координативната средба заврши малку пред полноќ во саботата. На неа покрај челниците на владејачките партии СДСМ и ДУИ, Зоран Заев исто и како претставник на владата, односно Али Ахмети, и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Моцкоски, присуствуваше и шефот на државата Ѓорге Иванов.
Никој од учесниците не сакаше да изнесе детали за предлотот на Нимиц, за тоа дали е прифатлив и дали постои усогласенот меѓу политичките субјекти. Најавија уште вакви средби за координирање на ставовите за решавање на спорот со името.
Премерот Зоран Заев по средбата изјави дека е оптимист и дека може да дојде до национален консензус.
– Вечерва беа презентирани и диксутирани предложените идеи од медијаторот Нимиц, по што разменивме информации и мислења и за разговорите меѓу мене и премиерот Ципрас. Овој процес бара инклузивност посветеност и политичка одговорност со цел градење национален консензус. Со решавањето на билатералниот спор кој трае 25 години имаме цел да обезбедиме напредок и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, како и заштита на националните интереси и достоинството на нашиот народ, рече Заев.
Потенцираше дека за остварување на овие цели неопходна е вклученост на Владата, опозицијата, претседателот на државата, како и навремено и објективно информирање на граѓаните на Македонија.
– За тоа е потребна политчка волја и храброст од наша страна, но решение е можно доколку таква политичка волја постои и на грчката страна. Интеграцијата заедно со реформите и економските мерки се клучни за подобар живот на сите граѓани во РМ, додаде премиерот.
Средбата беше од очекуван информативен карактер, министерот за надворешни работи Никола Димитров и премиерот Зоран Заев нѐ информираа за текот на разговорите, односно преговорите, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повеќечасовната координативна средба за спорот за името до Грција.
„Исто така, беше презентиран и предлогот од страна на господинот (медијаторот на ОН, Метју) Нимиц, предлог кој помалку или повеќе ѝ е познат на јавноста во Република Македонија. Оваа средба требаше порано да се случи, сега ги имаме информациите. Можам да кажам дека од овој момент па натаму, целокупниот процес за водење на преговорите поврзани со овој спор го води Владата, тој спор треба да продолжи и натаму да го движи“, рече Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Мицкоски, е силен поддржувач на преговорите и останува единствена на опцијата дека Република Македонија мора да биде дел од НАТО и Европската унија, и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на државните и националните интереси на Република Македонија.
Претседателот Ѓорѓе Иванов рече дека сите вакви средби се неопходни. Како што рече тој бил презентиран предлогот на Нимиц, но не сакаше да открие детали.
„Процесот се води во рамките на Обединетите нации и потребно е тоа да биде одговорно во рамките на македонските интереси, а да не биде на штета на граѓаните“, рече изјави Иванов.