По 500 години пронајден бродот на Колумбо


Едреникот „Санта Марија“, еден од трите со кои истражувачот Кристофoр Колумбо, роден во Џенова, а во служба на шпанската круна го открил американскиот континент, е пронајден вчера, после повеќе од 520 години од легендарното патување, тврдат група историчари.

Kolumbo-Amerika-otkrićeТие по неодамнешната експедиција се убедени дека остатоците лоцирани кај северниот брег на Хаити се од „Санта Марија“. Речиси 18 метри долгиот брод бил предводникот на експедицијата, а што потоа се случило со него повеќе од половина век беше мистерија.

Бери Клифорд, еден од најпознатите подводни археолози од САД, кој е најпознат по пронаоѓањето неверојатно зачуван гусарски брод на океанското дно, е убеден дека новопронајдените остатоци се од „Санта Марија“. Експедицијата е снимана од телевизискиот канал „Хистори“.

Сите географски и археолошки докази и подводната топографија силно го поткрепуваат тврдењето дека навистина станува збор за остатоците на „Санта Марија“. Владата на Хаити многу ни помогна и сега мораме да ја продолжиме соработката за да извршиме археолошко ископување – вели Клифорд, кој по славниот едреник трага повеќе од една деценија.

На првото патување на Кристофoр Колумбо, „Санта Марија“ на Божик 1492 година се насукала во близина на островот Хиспањола, а потоа брановите ја раздробиле. Колумбо оставил неколкумина членови на експедицијата за да изградат утврдување, а потоа се вратил во Шпанија на бродот „Ниња“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1