По 60 години пронајдени телата на 17 жртви на авионска несреќа во Аљаска


Посмртните останки на 17 војници, кои загинаа во авионска несреќа во Аљаска во 1952 година, се откриени повеќе од 60 години по трагедијата, соопшти Пентагон.

Се уште се трага по 35 тела на местото на несреќата која се случи во Аљаска, се додава во соопштението.

alaskaВоениот авион С-124 Глоубмастер се урна на 22 ноември 1952 година по полетувањето од воената база Елмендорф во Аљаска на пат кон Вашингтон. Во авионот имало 41 војник и 11 членови на екипажот.

Се претпоставува дека авионот повеќе од 60 години бил заглавен во ледник и затоа останал невидлив. Леталото буквално потонало длабоко во дебелиот слој мраз, се наведува во извештајот. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1