По 7 години судење: Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда во „Ровер“


Oслободнителна пресуда за дел од обвинетите во случајот „Ровер“. Судот одлучи дека Љубе Бошкоски, Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски не се виновни за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година.

Осудителна пресуда сепак добија тројца обвинети српски државјани, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, кои беа осудени на доживотен затвор. Ослободителна пресуда доби четвртиот српски државјанин Вук Вукичевиќ.

На денешната пресуда, која не е правосилна, странките имаат право на жалба.

Овој случај седум години се влечеше низ судските лавиринти. Досега беа донесени две првостепени пресуди, но Апелациониот суд ги укина, по што во октомври 2015 година судењето почна по трет пат.Бошкоски, како тогашен министер за внатрешни работи, и останатите вработени во МВР, се товареа дека им овозможиле на убијците да избегаат. Тие речиси три години поминаа во притвор.

Бошкоски доби казна затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1