По барање на Владата?Одложен ставот на Венецијанската комисија за Законот за јазиците


Венецијанската комисија го одложува донесувањето мислење за Законот за јазиците, соопштуваат од Комисијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Мислењето за Законот за употребата на јазиците требаше да се разгледува на 120-та пленарна сесија на Венецијанската комисија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција. Но иако на дневниот ред се уште стои точката за Законот, од Комисијата велат дека го одложуваат, без да ги наведат причините за одложувањето на разгледувањето и усвојувањето на извештајот од Стразбур.

Владата побарала од Венецијанската комисија да го одложи кончениот став за Законот за јазици, објави денес Тв24. која вели дека според извори од владата добиле информации дека освен одложување на заклучоците, побарани се и дополнителни консултации за законот, кој според неофицијалните забелешки на Комисијата кои ги објави ПлусИнфо, е неспроведлив и потребно е да се ревидира.

Дека заклучоците ќе доцнат денеска најави и вицепремиерот Бујар Османи, кој не сакаше прецизно да одговори дали ДУИ ќе ги прифати забелешките и ќе дозволи нова интервенција во законот. За него, законската рамка е добра каква што е и го заокружува Рамковниот договор, а секое враќање назад вели, ќе донесе и нови преговори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1