СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Х.(19) и Д.Р.(21) од Битола, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.
-Во текот на јули 2013 година, првопријавениот од лице од Скопје набавил непозната количина марихуана, по што по брза пошта во три паковки ја пуштил во затворот во Битола на второпријавениот, со цел да ја препродава, информираат од полицијата.
Извршен е претрес кај второпријавениот, при што се пронајдени 9,44 грама марихуана.