По долго боледување денеска во Скопје почина Јасмина Спасовска, долгогодишен новинар во областа на културата. Таа работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија.
Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум, информира ЗНМ.