Кинеската од Шаосан во централната провинција Хунан, изгорела 20.000 долари кои ги криела во шпоретот на дрва. Хао Бин (35) ги тргнала да бидат „на сигурно“ парите со кои нејзиниот сопруг Ванг (39) требало да ги исплати на работниците на неговата градежна фирма, но таа заборавила на тоа.
Кога утредента сакала да си свари чај, ставила во печката запалена хартија за да го потпали отнот. Сфатила што направила дури кога сакала да додаде уште малку дрва и ја здогледала пластичната ќеса полна со банкноти, кои речиси потполно изгореле. Веднаш сипала вода, но било премногу доцна. Очајната жена ги однела јагленисаните остатоци во банката, но таму и рекле дека не можат да и ги заменат, бидејќи повеќе од половина секоја банкнота била изгорена.
– Уште не сме земале пари за нашата работа, но морав да ги исплатам работниците па пари позајмивме од пријатели и семејството, а сакавме само да ги тргнеме на сигурно. Ова е голем губиток за нас и мојата сопруга е очајна! Но, и простив, ќе преживееме – рекол нејзиниот сопруг.
Бидејќи немаат доверба во банките, повеќето Кинези ги чуваат парите дома, под креветите и меѓу чорапие, како би ги скриле од крадци.