Скопјанецот Денко Велковски три години чека полицијата и обвинителството да ги уапсат соседите кои со нож во гради го прободеле син му, пишува Телма
Причината за насилството е кавга за скутер кој синот на Денко им го дал на браќата да го користат. Тие го вратиле моторот оштетен и не сакале да ја поправат штетата. Ноќта на 5 јануари во близина на бадниковиот оган соседите го пресретнале момчето и го нападнале. Момчето завршило во болница, а напаѓачите ги снемало.
Сашо бил однесен во болница а татко му и брат му тргнале по полициски станици да ги бараат напаѓачите на синот.
Имал среќа , ножот му направил два сантиметри дупка во градите бидејќи носел кожна јакна. Сите освен полицијата знаеле кои се насилниците.
Бил направен записник но и биле земени изјави од сомнителни сведоци. Едниот детално го раскажува настанот. Другиот пак бидејќи е со осмо одделение потпишува празен лист.
Сашо во моментов работи како професионален војник, а татко му секојдневно оди во полицијата и обвинителството да разбере како може син му некој да се обиде да го убие, а да не одговара за тоа.
Семејниот адвокат ги убедувал дека обвинителството ќе ги повика на разговор но тоа веќе трета година не се случува. Од основното јавно обвинителство одговор околу овој случај и зошто е заборавен во нечија фиока не добивме. Случајот се уште е отворен и се води како лесна телесна повреда во тепачка иако Сашо бил прободен со нож во близина на срцето. Татко му не се откажува и деновиве се подготвува да побара средба и со министерот Оливер Спасовки за детално да се разгледа пријавата.
Видео сторијата на ТВ Телма