По петтата жртва од селфи, на Плитвичките езера се забранува носење апостолки


Пред неколку дена на Плитвичките езера за малку ќе дошло до трагедија кога 20-годишен Канаѓанец во обид да сними селфи фотографија, паднал од 70 метри височина.

За среќа момчето го преживеало падот од видиковецот и е тешко повредено, но е надвор од животна опасност. Крошните од стеблата му го ублажиле падот.Plitvichki ezera

На речиси истото место минатата година смртно настрада 54-годишна државјанка на Словачка, која се провлекла низ оградата без оглед на предупредувањето. Поради желбата за убава фотографија таа зачекорила во смрт.

Пред девет години Германка и нејзиниот сопруг ја преминале оградата на видиковецот и паднале во езерото Калуѓеровац од 70 метри височина. Смртта на двојката која славела 40 години брак била најголемата трагедија во историјата на Плитвичките езера во Хрватска.

Три туристки од Јужна Кореја минатата година исто така сакале да снимат добра фотографија и паднале во провалија длабока 30 метри откако ја поминале означената лента. За среќа поминале само со повреди.

На Плитивичките езера во просек настрадува по еден турист на 1,3 милиони, а сето тоа е последица на неодговорност и невниманителност.

Шефовите на националниот парк поради тоа неодамна го забраниле користењето на дронови, а наскоро би можела да следи и забрана за носење на популарните летни обувки, апостолките, пренесува „Јутарњи.хр“.

– Луѓето мораат да се прилагодат на годишното време и на временските услови. Веројатно затоа наскоро ќе го забраниме влегувањето во паркот во летни обувки, апостолки, сандали – изјавил Огњен Борчиќ, портпарол на националниот парк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1