По поплавата хоспитализирани 10 деца во Козле, лекарите предупредуваат на внимание


Не престанува да плаче. Двегодишното дете било донесено на Детската клинка Козле со покачена телесна температура и кашлица. Неговата мајка објасни дека тие едвај се спасиле од поплавата, едвај ги спасиле децата и оттогаш нејзиниот син има потешкотии со дишењето и повраќање, пренесува ТВ21.kozle-3

„Од вчера сме дојдени со малиот тука затоа што од поплавите не можевме да излеземе. Едвај се спасија детето и маж ми. Детето стоеше во вода 2 часа додека го спасувавме. Детето има само 2 години и се жали од бронхитис. Од порано е болен, но сега неговата состојба е влошена. Не можевме да излеземе од дома затоа што имаше возила донесени од поплавата во нашиот двор. Од тој ден син ми има покачена температура, повраќа, пролив а сега прима терапија за бронхитис“, рече жителка на Синѓелиќ.

Оливер Зафировски, педијатар во Детската клиника Козле вели дека во текот на последната недела се хоспитализирани 10 деца од поплавените региони. Тој упати повик до родителите во случај на влошување на здравјето на децата да не чекаат за упати од матичните лекари.

Бројот на пријавени пациенти во Синѓелиќ достигна 50.

Лекарите упатија апел до жителите од поплавените зони да внимаваат на нивното здравје. Да носат постојано маска за лице и ракавици, да ја одржуваат нивната хигиена и да немаат контакт со настраданите животни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1