Руби Граупера-Касимиро од Флорида, која родила здраво бебе, конечно е дома и тоа нешто помалку од еден месец откако преживеала без пулс речиси 45 минути.
Оваа компликација се појавила после уредно завршениот царски рез, кога плодната вода влегла во нејзиниот крвоток и срцето и направила вакуум, кој ја прекинал циркулацијата. Ваквите состојби често завршуваат со смртен исход.
Портпаролот на болницата Бока Ратон Регионална Болница, во која се случило сево ова на 23-ти октомври оваа година, Томас Чакурда, изјавил дека медицинската екипа три часа интензивно работела на подобрување на состојбата на оваа 40-годишна жена.
Кога одлучиле дека веќе нема смисла да ја оживуваат и кога се подготвувале да ја прогласат нејзината смрт, на мониторот се појавил пулс. И покрај тоа што немала пулс 45 минути, жената поминала без оштетување на мозокот.
„Таа спонтано оживеа, токму во моментот кога се подготвувавме да го прогласиме времето на смртта“, изјави Чакурда и додаде дека тука станува збор за две чуда – прво, нејзиното спонтано оживување, а второто е фактот дека и покрај 45 минути без пулс и кислород, нејзиниот мозок не бил оштетен.
Руби денес е здрава жена. Докторите немаат објаснување за нејзиното закрепнување. Овој случај го нарекуваат „боженствена промисла“.
Точка.ком.мк