По повод Меѓународниот ден на трудот ССМ со нова кампања, без протести


Меѓународниот ден на трудот што традиционално се прославува во чест и сеќавање на борбата на работниците за унапредување на нивните права денеска ќе биде одбележан и во Македонија со најава за нова кампања, додека протести нема да има.ssm sindikati

Сојузот на синдикатите на Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со кампања за организирање и мобилизирање ново членство.

Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална инклузија, солидарност и колективно обезбедени работнички права.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1