По скандалот – Нови услови за добивање бугарски пасош


Само два дена откако изби големиот скандал поврзан со издавање на бугарски пасоши на граѓани од Македонија, Молдавија и Украина, министерката за правда Цецна Цачева најави дека под итно до крајот на годинава ќе се направат промени во законот за издавање на бугарски државјанства за да се избегнат слични малверзации во иднина.

Работната група која ќе работи на промена на Законот за бугарско државјанство ќе има задача да направи промени во две главни насоки, и тоа: првата е добивање на бугарското државјанство по основ на потекло, а втората е поврзана со можноста за стекнување на бугарско државјанство по натурализација односно преку инвестиции.

Скандалот запона откако во понеделникот беше подигнато обвинение за фалсификување документи за добивање на бугарски пасоши.

Обвинение е поднесено против претседателот на Државната агенција за Бугари во странство, Петар Харалампиев. Се товари дека како шеф на организирана криминална група заедно со уште 20 лица земале мито за издавање на бугарски пасоши на лица кои не ги исполнувале условите. Меѓу обвинетите е и генералниот секретар на Агенцијата.

Неделно се издавале околу 40 сертификати, а групата се товари дека организирала издавање на документи за бугарско потекло, без лицата реално да ги исполнуваат условите за нивно добивање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1