Пејачката Наташа Беквалац и нејзиниот партнер Лука Лазукиќ го изговорија судбоносното „да“ на Ибица и тоа во кругот на семејството и блиските пријатели.
Наташа и Лука веќе неколку дена престојуваа на Ибица за да се подготват за гостите. Денеска сите се собраа за да присуствуваат на свадбата на поп пејачката и нејзиниот избраник.
Деталите од славењето испливаа на социјалните мрежи и може да се види како сестрата на Наташа, Кристина Беквалац се забаввуа со заедничките пријатели.
-И нема крај на мојата среќа. Еден од најромантичните мигови на светот, напиша Кристина на својот профил.
Младенците венчавката ја прославиле во еден ресторан, а се одлучиле за бела и елегантна декорација.
Инаку, на Наташа денеска и е роденден, па така имаше причина повеќе за славење.
Таа и Лука се заколнаа на вечна љубов на самото зајдисонце, а церемонијата на венчавање беше толку емотивна, што сите плачеле. Во ресторанот е организирана свечена вечера по која гостите прославата ја продолжиле во ноќен клуб.
Да потсетиме, на Наташа ова и е трет брак. Пејачката беше мажена со Данило Икодиновиќ, со кој ја доби ќеркичката Хана. Потоа беше во брак сo Љубо Јовановиќ.